Ова е најсериозниот кандидат за идиот на годината

Полицијата во Лондон одлучи јавно да го посрамоти 17 годишниот корисник на YouTube, кој е познат како Carnage, откако тој скокнал од лондонскиот Tower Bridge и заврши во реката Темза.



„Неговата глупост е тешко да се надмине“ - напишаа на Twitter полицајците и ги предупредија луѓето да не го повторуваат тоа што го направил. Кон тоа се приклучи и самиот Carnage кој тврди дека потегот можел да го чини животот.

Според многумина тој е најсериозен кандидат за титулата идиот на годината.

Од реката морале да го извадат спасувачите од RNLI - Royal National Lifeboat Institution кои зависат од донациите што дополнително ги разлути оние што го погледнаа видеото. Тие предложија и самиот скокач да донира одреден износ на организацијата.

Тој се согласил да го направи тоа и да соработува со нив за да извади нешто позитивно од ситуацијата и да помогне да ги спречи останатите да го повторат тоа што го направил тој.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О