Ова уште не сте го виделе: Потписот на грчкиот министер за финансии праќа јасна порака до кредиторите

Новиот министер за финансии на Грција, Еуклид Цакалотос, со својот нов потпис привлекол внимание на социјалните мрежи.

Еуклид Цакалотос неодамна го заменил Јанис Варуфакис на местото министер за финансии на Грција, а сега успеал да го привлече вниманието на јавноста, не поради функцијата, туку поради својот потпис. Неговиот потпис, имено, кога ќе се погледне поубаво, потсетува на пенис, а токму така го потпишал договорот кој на Грција ѝ го наметнале кредиторите. Се смета дека со овој специфичен потпис тој пратил јасна порака до нив.


На Твитер некои поединци го споредувале неговиот потпис од порано, со овој неодамна развиениот, и била забележана разлика. Не се знае дали Цакалотос навистина размислува на овој начин за својот потпис.
Инаку, Цакалотос е роден во Ротердам, а кога имал 5 години се преселил во Велика Британија. Неговиот вујко бил Трасивулос Цакалотос, славен генерал и началник на генералштабот на грчката војска. Еуклид работел на многу реномирани универзитети, а од 2010-тата година е професор на атинскиот универзитет.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О