Руски академик и историчар: За август планирани терористички напади на Балканот!

Рускиот академик и историчар, Јелена Гускова, предупредила дека реализацијата на "зелена трансверзала" влегла во завршна фаза, и дека во август би можело да дојде до вооружени напади во Србија, БиХ и Македонија.

Во текстот кој бил доставен до агенцијата Srna, Гускова наведува дека истовремено "по оружје ќе посегнат Албанците во Македонија и на југот на Србија, во таканаречената Прешевска долина, како и во Санџак".


Според нејзините зборови, "востаниците" ќе се обидат да ги заземат регионите каде што има српско население, а во централна Србија и Босна ќе бидат извршени неколку терористички напади поради одвлекување на внимание. Гускова укажува на старо сценарио во таквите ситуации - полицијата во Македонија и Србија ќе започне операција против вооружени одреди на терористи.

Тие судири би можеле да добијат широк замав, вели рускиот академик Гускова.



Таа предупредува дека најтешко би можело да биде во Република Српска, и дека таму, под изговор за "регулирање на конфликтот", би можеле да дојдат и одреди на НАТО, но и одреди на нови исламисти. Гускова се занимава со постоењето на таканаречената "Исламска држава" на Балканот и истакнува дека приливот на муслимански бегалци од Блискиот исток на Балканот е зголемен.

Американците сакаат да го решат "проблемот" со непокорните балкански Словени, смета Гускова, со напомена дека, и покрај гушењето на суверенитетот и управувањето од надвор, Вашингтон не постигнал целосен успех. Таа укажува дека Република Српска ја засилува својата позиција, дека Македонија се обидува да ја одбрани својата независност, а дека Србија сè уште не го признава Косово.
Очигледен е растот на исламскиот радикализам на Балканот. На југот на Србија и во Црна Гора делуваат исламистички организации - "Вехабии" и "Црвена роза", во Македонија е "Тарикат", на Косово и северна Албанија има ќелии на Ал Каеда, укажува Гускова. Во БиХ исламистите истапуваат како заговорници на унитарна муслиманска Босна, а целта им е создавање на "зелена трансферзала".



Гускова проценува дека Унгарскиот ѕид и затворањето на границата кон Србија ќе го зголеми бројот на муслимански бегалци кои остануваат во Србија и Македонија. Таа предупредува дека тие бегалци доаѓаат без документи, и дека во Србија добиваат документи на усно кажани податоци. За половина година, границата со Србија ја минале околу 60.000 емигранти, пишува Blic.rs.

Повеќето бегалци кои се појавиле во Србија се мажи, не постари од 27 години - 94 проценти од нив се од исламска вероисповед, 56 проценти од нив се без семејства. Не сакаат да се фотографираат и не штедат пари. Според некои податоци, заклучува Гускова, во Србија има 1.000 џихадисти, од кои околу 200 се во Белград.

Меѓу нив има и многу Косовари, а парите ги добиваат од Виена. Јелена Гускова потсетува на изјавата на претседателот на Српска, Милорад Додик, за опасноста од исламски радикализам и дека во Сараево се градат 34.000 станови за Арапи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О