Контактот со вонземјаните може да биде кобен за луѓето

Научниците кои бараат живот надвор од нашата планета, предупредуваат дека треба добро да се размисли пред да се одговори на евентуалниот вонземски сигнал.



Професорот Метју Бејлс од универзитетот Свинбурн од Мелбурн е водечки австралиски научник кога е во прашање потрагата на живот надвор од нашата планета. Тој предупредува дека контактот со потенцијалните вонземјани кои се во состојба да пратат сигнал од далечина од повеќе десетици светлосни години може да биде кобен за човештвото. Тој ваквиот став го базира пред се на фактот дека во таков случај вонземјаните би биле многу понапредни од луѓето.

„Судбината на помалку напредната цивилизација која контактира со напредна - не е баш светла“ - вели тој.

Професорот Бејлс од неодамна е на чело на Фондацијата Breakthrough Prize чија цел е пронаоѓање на вонземјански живот. Фондацијата има буџет од 100 милиони долари, главниот финансиер е рускиот милијардер Јури Милнер, а во проектот е вклучен и Стивен Хокинг кој и самиот има слични ставови за првиот контакт со вонземски живот.

Овој тим ќе ја скенира вселената со помош на Парксовиот радио телескоп еден од најголемите на светот. Планот е на овој начин да пребаруваат простор кој е 10 пати поголем од оној што до неодамна го пребаруваа.

„Главниот проблем со овој проект е што не знаеме какви точно сигнали да бараме. Не постои прирачник „Како да најдеш вонземјани“ - вели професорот Бејлс.

Компјутерите кои ќе се користат за овој проект ќе бидат направени за една година, а планот е целиот проект да трае пет години. Претпоставките на професорот се дека доколку го фатиме сигналот, тој нема да биде со голем сигнал, бидејќи ќе патува огромна оддалеченост.

Ако човештвото открие постоење на вонземски живот, Бејлс предупредува дека треба внимателно да се размисли дали и на кој начин би одговориле. Сепак тој не ја исклучува можноста тие да бидат толку понапредни од луѓето, што „може да бидеме мртви пред да можеме да смислиме како да им одговориме.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О