Тод Фаслер, маж од Сан Диего, речиси двапати ќе починел како последица од напад на ѕвечарка. Најпрво додека да го прими потребното количество на противотров, а потоа и откако видел дека во болницата добил сметка од неверојатни 150.000 долари!
Фаслер сега за лекарската услуга треба да плати неверојатни 153.161 долари, а американските медиуми во меѓувреме и дознале зошто е тоа токму така.
Remember the Rattlesnake bite story I did Monday? Guy just sent me this pic of his bill. Uhhhhhhh..... pic.twitter.com/ahK2W9KxVg
— Dan Haggerty (@10NewsHaggerty) July 16, 2015
Всушност, после гризнувањето, во текот на терапијата, се трошат во просек околу 12 шишенца со противотров, а цената на само едно такво е вртоглави 5.000 долари, бидејќи на американскиот пазар нема конкуренција, односно засега постои само еден производител, пренесува ABC.Според проценките на Центарот за контрола и превенција на болести на подрачјето на САД, змиите годишно напаѓаат околу осум илјади луѓе, но на крајот најмногу шест лица завршуваат со смртни последици.