Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 70,5 денари, додека литар еуросупер БС-98 по 72,5 денари.
Новата цена на еуродизелот изнесува 53 денари за еден литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,5 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,627 ден/кг, со што новата цената изнесува 25,691 денари за еден килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 56,587 долари/барел и е за 3,46 отсто пониска од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во наведениот период изнесуваше 56,1500 ден/за долар и е за 0,879 % повисок од курсот по кој беа формирани цените.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот 14-то дневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,73 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,34 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 5,75 отсто, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување, се вели во образложението на регулаторите.