Каков потег на Москва: Путин го повикал Берлускони да биде руски министер за економија?!

Поранешниот италијански премиер тврди дека добил покана.

Италијанската јавност вчера буквално била во состојба на транс, откако некои медиуми во таа земја објавиле дека нивниот некогашен премиер и контроверзен медиумски магнат, Силвио Берлускони, може да стане нов министер за економија на Русија.


Имено, самиот Силвио при една вечера, истакнал дека добил понуда од рускиот претседател и свој голем пријател, Владимир Путин, да се врати во политиката на голема врата, но не во својата земја. Тој притоа би добил и руско државјанство, пишува Russia Today.


"Во Италија сум турнат на маргините на случувањата, а Путин рече дека е подготвен да ми даде државјанство и да ми го довери министерството за економија", рекол Берлускони на вечерата, што неодамна за италијанскиот весник Stampa го открил еден од присутните на таа случка.


На сметка на Берлускони, кој во својата кариера неколку пати бил обвинуван за корупција, злоупотреба на функцијата, па дури и за секс со малолетнички, веднаш се појавиле лавина од негативни коментари. Тој го добил и прекарот Силвијушко. Секако, никој од Кремљ не се огласил на оваа тема.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О