Шведската компанија IKEA ги опомена купувачите на проблемот со безбедноста со 27 милиони комоди и ормари од моделот MALM, продадени ширум светот, после незгодите со двете деца во САД минатата година кои загинаа во својот дом откако на нив паднаа парчиња мебел токму од оваа серија, пишува Daily Mail.

Шведскиот производител за мебел, кој во 27 земји ширум светот има околу 300 продавници, започна програма за бесплатна достава на комплети за клиентите со кои тие би требало ормарите и комодите, кои преминуваат одредена височина, да ги фиксираат на ѕид, соопшти американската агенција за заштита на потрошувачите.
Се работи за комоди со три, четири и шест фиоки, од моделот MALM, со височина од 62 до 73 сантиметри, кои, како што се наведува во соопштението на американската агенција CPSC претставуваат потенцијална опасност во безбедносна смисла, бидејќи може да се превртат ако не се фиксирани на ѕид.

IKEA е известена и за двата смртни случаеви на деца во САД на возраст од 23 месеци и 2 години, кои се случиле во 2014-тата година, откако врз нив паднале комоди од серијата MALM произведени во 2002-рата година, пренесува агенцијата AFP.

Засега компанијата е известена за вкупно 14 случаеви на повреди со мебел од брендот IKEA, а четири од нив се предизвикани токму од комодите од серијата MALM.
Од 1989-тата година се регистрирани уште три смртни случаеви после пад на други модели на комоди и ормари од шведската компанија.

Според податоците на Националните информативни системи во Австралија, најмалку 14 деца на возраст под 9 години починале во периодот од 2000-тата до 2015-тата година откако врз нив паднал мебел.