Англичаните за засилувања потрошија пола милијарда евра


Веќе се навикнавме на тоа англиските клубови за време на преодните рокови да трошат огромни суми на пари.

Минатата година Англичаните беа рекодери и ја надминаа „магичната“ граница од една милијарда евра. Минатото лето на засилувања беа потрошени 1,05 милиони евра, а ова лето се очекува таа граница да биде надмината.


Уште еден месец и пол од летниот преоден рок останува пред нас, а клубовите од англиската Премиер лига веќе потрошија 480 милиони евра, а вистинските „трансфер-бомби“ допрва доаѓаат. Досега најактивен беше Ливерпул, Манчестер Јунајтед почна да фаќа чекор, а Челси, Манчестер Сити и Арсенал речиси сигурно ќе изненадат со некој голем трансфер.

Колку изминатиов преоден рок на Островот беше возбудлив докажува и фактот дека можат да се состават практично две екипи од играчи кои ова лето ги купуваа Премиерлигашите.



На едната страна ги имаме Чех - Клајн, Алдервилд, Огбона, Фухс - Швајнштајгер, Шнајдерлин - Стерлинг, Фирмињо, Депај - Фалкао, а на другата страна ги имаме Беговиќ - Дармиан, Гомез, Хат, Холебас - Кабаје, Милнер - Вијналдум, Пајет, Аје - Ингс.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О