Само за тие со длабок џеб: Подгответе се за распродажба на грчките острови

Познатата агенција за недвижнини "Knight Frank" во наредните неколку години очекува голема "распродажба" на грчките острови.

Под притисок на кредиторите, кои сакаат Грција да обезбеди повеќе пари за исплата на долговите, земјата минатата година прв пат вовела данок на недвижностите. Во такви околности, некои сопственици морале да се откажат од своите приватни острови.

"Под околностите кога доаѓаат до израз долгорочните последици од мерките за штедење, се очекува голема распродажба на грчките острови", било соопштено од угледната компанија за недвижности.


Минатата година, на продажба биле понудени 20-тина грчки острови, а "Knight Frank" очекува тој број да се зголеми кога повеќето сопственици на своја кожа ќе ги почувствуваат даноците за недвижности.

Најновиот договор за строгите мерки за штедење, постигнат вчера, веројатно ќе доведе до нов притисок на приватната сопственост. Имајќи ја во предвид ултралевичарската ориентација на Сириза, фискалната консолидација веројатно, потешко отколку до сега, ќе ги погоди богатите.

"Knight Frank" истакнува дека грчките острови веројатно ќе привлечат "ловци" и странски инвеститори кои ќе се обидат да ја искористат шансата за купување на недвижности под поволни услови.

Весникот Independent во саботата ја пренел веста дека руски, кинески и бугарски инвеститори купуваат недвижнини во Грција по намалени цени.


Моментално на продажба 18 острови - На познатата веб страна "privateislandonline.com", на која се нудат приватни острови, моментално на продажба се 18 грчки острови. Цената на островите се брои во милиони, а најскап остров е Омфори со цена од речиси 62 милиони долари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О