Високите температури не престануваат, најава за нов топлотен бран
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 15 до 20 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 26 до 38 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 19 и максимална дневна до 37 степени.