Што не сакаат жените во предиграта?

Предиграта е важен дел од сексуалниот однос и колку што може да ги направи нештата поинтересни и подобри, може да ги направи и полоши. Esquire набројува неколку нешта што жените не ги сакаат во предиграта, базирано на женските искуства.



1. Не се однесувајте како да правите услуга за неа. Жените можат да забележат дали уживате во нешто или не. Не очекувајте медал по загревањето за пенетрацијата, бидејчи тоа е нешто во кое заедно треба да уживате и кое води до подобро взаемно задоволство.

2. Не брзајте. Неколку бакнежи на вратот и експресен допир меѓу нозете, не е предигра. Посветете време на партнерката.

3. Не бидете тивки. Моќта на зборовите во предиграта не треба да се потценува. Дури и да станува збор за неколку секси зборови или пак воздишки, дефитивно ова возбудува повеќе од комплетната тишина.

4. Соблечете ја. Иако полесно е таа набрзина да ги соблече алиштата и да ви го ослободи терен за акција, многу посекси е вие полека да ја соблекувате дел по дел, додека ја бакнувате по телото.



5. Ценете ја долната облека. Ако девојката носи секси долна облека или убав комплет, тоа значи дека се подготвила за моментот и го прави тоа за вас. Таа потрошила време и пари, за еден комплимент и внимание од ваша страна за долната облека. Затоа, потрошете момент за да го забележите ова и да покажете дека го цените гестот.

6. Не ја зјапајте чудно за да видите дали ужива. Потрудете се да не ја зјапате манијачки, за да видите какви изрази прави, со цел да дознаете дали навистина ужива. Ова се забележува и може да стави дополнителен притисок врз неа и да престане да ужива. Наместо тоа бакнувајте ја.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О