Социјалните мрежи ги запалила нејзината изјава, дека не се кае поради тоа што го направила, како и маицата со натпис "Драго минато, ти благодарам за сите лекции. Драга иднино, подготвена сум", која ја носела на судењето.
Како што самата изјавила, сопругот ја малтретирал во текот на бракот, и тоа по само еден месец од венчавката, поради што неколку пати го пријавила во полиција. Едно утро ѝ рекол да се спакува, бидејќи планира да ја одведе во Анталија каде ќе ја подведува на проституција за да заработат пари. Кога се спротивставила, тој ја нападнал.
"Ме удри и ме турна на креветот. Се сетив дека имам пиштол под перницата, го земав и го застрелав. Потоа ја зедов мојата ќерка и побегнав од дома", им кажала Чилем на полицајците.
И пред таа случка нејзиниот сопруг ја тепал и ја терал на проституција, а исто така ја чувал и еден месец затворена во домот, сè додека тоа не го открила нејзината мајка. Иако сакала да побегне од него, Чилем дознала дека е бремена и затоа решила да остане со него. Хасан продолжил да ја тепа и кога била бремена.
"Дали жените секогаш ќе бидат тие кои умираат. Дозволете и некој маж да умре. Го убив за да ја одбранам својата чест", рекла Чилем.
Со своите изјави Чилем ги запалила социјалните мрежи, а многумина ја нарекле херој.