Полиција и војска на улиците, плажите и хотелите: Туристичкиот рај од северна Африка прогласи вонредна состојба!

Десеттина дена по крвавиот масакр на плажа, во режија на симпатизер на Исламската држава, во кој животот го загубиле 38 туристи, во главно Британци, во Тунис била воведена вонредна состојба, пишува "BBC".

Безбедносните мерки во таа северноафриканска држава и пред воведувањето на вонредната состојба биле значително заострени, а сега се очекува дополнително присуство на полиција и други вооружени сили на улиците плажите, хотелите...



Како што е познато, Исламската држава ја преземала одговорноста за крвавиот напад на плажата во туристичкото место Сус. Меѓу загинатите имало најмногу државјани на Британија.



Се очекува денес тунискиот претседател Беји Каид Есебси да ѝ се обрати на нацијата по повод воведувањето на вонредната состојба.



Повикувајќи се на соопштението од канцеларијата на претседателот, Reutersнаведува дека вонредната состојба привремено и дава на владата повеќе флексибилност, а на војската и полицијата повеќе овластувања, додека истовремено го ограничува правото на јавното собирање.



Во Тунис вонредна состојба последен пат била прогласена во 2011. година, за време на побуната против автократскиот владетел Зин Ел-Абидин Бен Али.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О