Реал најде замена за Серхио Рамос

Иако трансферот на Серхио Рамос во Манчестер Јунајтед е далеку од реализација, сепак Реал Марид се подготвува за „животот без искусниот дефанзивец“.

Наводно во Мадрид веќе се размислува за замената на Рамос доколку Шпанецот го напушти „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, а досега најчесто со трансфер во Реал се поврзуваше Николас Отаменди.


Сепак, според мадридските медиуми, Перез нема да троши многу пари за доведување на одбранбен фудбалер, но сеедно ќе се бара решение на таа позиција. Наводно веќе е „пикиран“ еден од најголемите таленти на шпанскиот фудбал, Хесус Валехо.



Валехо има 18 години, стандарден член е на младинските репрезентации, а оваа година настапи и за У21 репрезентацијата на Шпанија иако е три години помлад од своите соиграчи. Кариерата ја започна во Сарагоса и минатата година во Сегунда настапи на 31 натпревар и постигна еден гол.

За тоа колку импресионира со своите настапи говори и фактот дека тренерот Ранко Поповиќ во последните месеци од сезоната го назначил за капитенот на екипата. Неговата вредност се проценува на 4,5 милиони евра и се очекува наскоро Реал Мадрид да го ангажира.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О