Бил Гејтс важи за најбогатиот човек во светот, неговото богатство Forbs годинава го процени на 79 милијарди долари, а неговата заработка од година на година расте. Тој веќе 19 години е во брак со Мелинда Гејтс, со која има три деца.
Каква е нивната љубовна приказна? Мелинда е родена пред 50 години во Тексас, а токму нејзиниот интерес за компјутерски науки ја довел во 1987 година да работи во Microsoft. По девет години работа во компанијата станала главен менаџер за информациони производи.
За прв пат го запознала Бил Гејтс, својот шеф, во 1987 година на презентација во Менхетен. Во едно интервју за NPR Мелиса откри како тој ја поканил на состанок по две недели од првата средба. Во врска биле шест години, а потоа во 1994 година се венчале на островот Ланаи на Хаваите. По раѓањето на првата ќерка во 1996 година Мелиса дала отказ во Microsoft за да се грижи за семејството, но и да се посвети на филантропската организација основана со помош на нејзиниот сопруг.
Имаат три деца, две ќерки и син. И покрај сите нивни успеси нивниот брак може да се смета за најголем успех. По деветнаесет години брак и три деца сигурно прават нешто што ги води на вистинскиот пат. Што вели Бил Гејтс на оваа тема?
„Често ги читаме истите книги и заедно дискутираме за нив. Треба да вложите многу енергија во тоа да бидете сигурни што го мисли другата личност. Може да читате книги за човечките односи и да видите како секој од вас размислува за работите“, открива Бил Гејтс за Today News.
Иако и двајцата се многу зафатени со работни и приватни обврски, тие минуваат многу време во заеднички патувања поврзани со фондацијата што ја водат за да им помагаат на луѓето низ светот.
Во 2011 година фондацијата Bill & Melinda Gates официјално ја насочи својата мисија кон подобрување на глобалното здравство, образованието, пристап до дигиталните информации преку јавни библиотеки и поддршка на загрозените семејства.