„На видеото не може да се види, но моторџијата агресивно престигнуваше автомобили и на еден од семафорите настана расправија меѓу него и возачот во теренецот“ - објасни таткото на девојчето.
Сопственикот на SUV возилото, Луис Рамос, самиот се предал во полицијата и објаснил дека палката ја употребил во самоодбрана откако добил удар.
Тој исто така се извинил и на девојчето што била сведок на такво насилство, а објаснил дека пред неколку години бил ранет со пет куршуми, па реагирал бурно кога видел дека моторџијата ја држи раката зад грбот алудирајќи дека е вооружен.