Нови 200 илјади евра ќе потроши град Скопје за канделабри

Нови 200 илјади евра без ДДВ ќе се излеат од буџетот на град Скопје за новиот плоштад на ВМРО - ДПМНЕ.


Овојпат градот планира парите да ги потрооши за осветлување за пристапната улица до плоштадот.

Деновиве бил објавен тендерот за избор на компанијата што треба да ги постави новите канаделабри. Тендерот е отворен до 19-ти август.

За пристапната улица што води до плоштадот од градскиот буџет веќе се потрошија над 15 милиони денари на почетокот од мај годинава.

Вчера на постаментот пред новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ беше постевен и лав. Пресметките говорат дека плоштадот пред новото седиште на партијата заедно со пристапната улица и осветлувањето ќе ги чини скопјани најмалку 1,7 милион евра.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О