Вистинската жена никогаш не ги прави овие 22 работи

Вистински успешните жени се популарни и ценети, но тоа го постигнуваат сосема спонтано. Држат до себе, се почитуваат, но и ги почитуваат другите, внимаваат на животниот ритам, но исто така не ја мерат својата личност по она што го имаат.



Покрај работите кои успешно ги прават, овие 22 работи строго ги избегнуваат:

1. Не трачарат

Жената која има самодоверба нема потреба да зборува за другите жени. Таа зборува за своите цели, планови и амбиции.

2. Не се сомневаат во себе

Двоумењето и сомневањето не спаѓа во нивниот личен опис.

3. Не ги пратат трендовите

Тие се водат по она што им се допаѓа, што им е потребно, неопходно и соодветно на нивниот начин на живот.

4. Не ги потискаат емоциите и зборовите

Кога имаат нешто на ум, тоа и ќе го кажат. Кога нешто чувствуваат - исто. Како дел од самодовербата си доаѓа и оваа карактеристика.

5. Не прават компромиси кога тие се во прашање

Без оглед на се, важно им е да балансираат, но и да живеат удобно и квалитетно. Ако им треба енергија и ако се гладни - јадат, ако се изморени - спијат. Толку е едноставно.

6. Не слушаат и веруваат слепо

Не прифаќаат се што им се сервира. Сакаат сами да ја проценат ситуацијата.

7. Не ги молат другите

Кога жената верува во себе, туѓите судови и потврди не и се потребни, па затоа не ги ни бара.

8. Не губaт време грижејќи се

Времено е драгоцено, па жените кои се сигурни дека ќе успеат, не го губат на загриженост.

9. Не им е потребно сожалување

Не сакаат да се самосожалуваат, ниту другите да го прават тоа.

10. Не се плашат да се опуштат

Изгледот им е важен, но кога треба да се лежерни и опуштени, не се грижат ако секое влакно не е на свое место.

11. Пропустот не го сметаат за пораз

Сигурните жени не се откажуваат од плановите после првата препрека.



12. Не прават несвесни избори

Ја сфаќаат целта на се околу нив, па тоа им помага да донесат рационални избори.

13. Не ги игнорираат инстинктите

Сакаат да ги слушаат инстинктите, дури и кога се друго им кажува дека ќе направат погрешен избор.

14. Не се фалат затоа што се зафатени

Едно е да бидеш продуктивен, друго е да бидеш зафатен.

15. Не сфаќаат се лично

Критиките и туѓите поинакви мислења не ги разбираат како напад на личноста, туку како судир на интереси и мислења.

16. Тишината не им е непријатна

Тишината знае дури и да одговара, затоа што тогаш се полнат батериите, се обновува енергијата и умот се подготвува за акција.

17. Не сакаат да бидат популарни

Сакаат да го истакнат своето мислење и другите да го ценат, но тоа не им е многу важно за среќа.

18. Не им се потребни лични тренери

За нив не постојат копчиња за одложување на алармот, не им е потребен личен тренер затоа што сами се мотивираат на ред и дисциплина.

19. Не сакаат фанови, сакаат луѓе кои ќе ги поддржат

Иако веројатно имаат преку 1000 познаници, тоа не го сметаат за успех. Успех се луѓето кои ги поддржуваат тогаш кога 99% од сите познаници им се смеат.

20. Не го мерат она што се според она што го имаат

Иако се способни и ги стекнуваат работите кои ги сакаат, знаат дека облеката, чевлите и автомобилот не се нивни квалитети.

21. Не се откажуваат од себе

Сфаќаат дека е невозможно да функционираат како машина и да се водат по идентичниот секојдневен план. Затоа, сфаќаат дека и кога во нешто нема да успеат, не треба да се откажат од себе затоа што не се совршени.

22. Не пукаат под притисок

Не дозволуваат притисокот да влијае врз нив, затоа што веруваат во својата способност и работа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О