Во 38-мата минута од мечот, поранешниот играч на Бешикташ, Челзи, Њукасл и Вест Хем се обиде да фати една висока топка, но место топката, со копачката го удри во лице противничкиот играч.
Судијата му покажа само жолт картон на Сенегалскиот фудбалер, што дополнително ги разлути домашните играчи и тренерот Луис Филипе Сколари.
Засега не е извесно дали Ба ќе добие дополнителна казна за потегот.