ФОТО: Бебе морало да носи шлем до првиот роденден, па татко му се погрижил тоа да биде забавно

Татко една година создавал забавни цртежи за да ги разубави шлемовите кои неговиот син морал да ги носи поради здравствен проблем.

Малечкиот Џек имал само два месеца кога неговиот педијатар забележал дека тој страда од краниосиностоза, состојба при која спојниците на коските на черепот предвреме созреваат и мозокот не може да расте во природната форма. Поради тоа доаѓа до деформирање на главата.

Џек морал да помине една операција и да носи шлем за оформување на черепот до својот прв роденден. Па, татко му Џонатан ги зел нештата во свои раце и го претворил монотоното бело помагало во забавен додаток. Како голем љубител на „Star Wars“, Џонатан се инспирирал од популарниот филм за да ги создаде своите цртежи.

„Сметавме дека ќе изгледаат забавно и ќе ги менуваат коментарите на непознатите лица од „Што му се случило на вашето дете?“ во „Леле, колку кул шлем““ – рекол Џонатан.



Џек наполни една година пред 4 дена, па неговиот татко не пропушти да го одбележи крајот на носењето шлем на Instagram.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О