Македонецот кој војувал во Сирија се борел за идеологија, а не за пари

Македонецот Стефан Стефановски кој војувал на боиштата во Сирија се борел на страната на терористичката организација поради идеологија, а не за пари, објавуваат медиумите повикувајќи се на извори од истрагата.



Стефановски кој од од православието преминал во исламот, го сменил и името од Стефан во Суфијан завршил медицина и неколкупати бил на боиштата во Сирија.

Кога ќе се врател во Македонија, негова задача било да врбува нови борци кои ќе се борат на страната на екстрeмистичката организација, Исламска држава.

За Сирија патувал со фалсификуван пасош преку Турција. Стефановски и уште осум други лица за кои постојат сомненија дека војувале во Сирија се наоѓаат во триесетдневен притвор.

Полицијата трага по уште 27 лица, а за 20 од нив постои сомнеж дека се наоѓаат на боиштата во Сирија.

Повеќето ос осомничените патувале во Сирија од религиски побуди, а не за пари, биле добро ситуирани и повеќето имале жени и деца. Речиси сите минуваат низ крим-евиденцијата на Министерството за внатрешни работи и сите направиле некое кривично дело претходно. Сите се македонски државјани од различна националност.

Во вчерашната акција „Ќелија“ приведен беше и имамот Реџеп Мемиши од Тутунсуз џамијата за кој МВР изјави дека бил идеолог на групата. МВР објави дека нови борци за Сирија се регрутирале во приватни куќи, џамии, интернет кафулиња.

Во борбите во Сирија досега официјално загинале 16 македонски државјани, а околу 130 се бореле или се уште се борат таму.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О