Колку чини кинеската копија на Land Rover Evoque?

Кинеската копија на атрактивниот модел Land Rover Evoque во Кина се продава како Land Wind X7, а официјалната жалба од Land Rover упатена во 2014 година, очигледно немаше разбирање кај кинеските власти.



Иако кинеската автомобилска индустрија е позната по ваквите потези, овој пат изгледа како вистински да претерале бидејќи нивниот кросовер Land Wind X7, од секој агол, бесрамно многу потсетува на британскиот оригинал.



Кражбата на интелектуална сопственост очигледно не е голема работа во Кина, бидејќи моделот Land Wind X7 официјално е претставен на кинескиот пазар каде се продава за 21.700 долари, што е третина од сумата што Land Rover ја бара за својот Evoque.



Од Land Wind велат дека X7 моделот веќе го нарачале 5.500 купувачи, а првите примероци во продажните салони низ азиската држава треба да се најдат кон крајот на месецот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О