Јаја Туре потпиша нов четиригодишен договор со Манчестер Сити вреден 45 милиони фунти. Според новиот договор, Јаја Туре ќе заработува 220.000 фунти неделно.
Роберто Манчини може да здивне, сепак еден од неговите клучни играчи во тимот ќе остане Етихад. Потпишувањето на новиот договор на Јаја Туре стигна неколку дена откако агентот на фудбалерот, Димитри Селук изјави дека неговиот клиент ќе побара нов клуб, доколку Манчестер Сити не му понуди нов договор.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска во екипата на Роберто Манчини пристигна во 2010. година од Барселона за 24 милиони фунти и веднаш се наметна во тимот на Сити како еден од клучните играчи на Граѓаните, настапи на 91 натпревар и постигна 17 гола.