Соединетите Американски Држави понудиле пет милиони долари награда за било каква информација која ќе доведе до апсење или осудување на угандскиот воен злосторник осомничен за воени злосторства Џосеф Кони и неговите најблиски соработници.
Оваа информација била објавена само еден ден откако војниците во Централноафриканската Република ја прекинале потрагата по него. Во потерницата издадена од САД се наведени и голем број на други воени злосторници. Имено, Стејт Департманот понудил пари од наградната програма за информации за воените злосторства, а администрацијата на Барак Обама ја одобрилa оваа акција уште во јануари.
Се проценува дека во изминатите 26 години по негова наредба биле киднапирани повеќе од 30.000 деца, додека повеќе од два милиони луѓе исчезнале. Станува збор за педесет и двегодишен човек за кој се верува дека има повеќе од 88 жени и 42 деца.