На повидок нова трансфер бомба: Фабрегас се враќа во Арсенал!?

Доколку им се верува на британските медиуми, поранешниот капитен на Арсенал би можел да се врати во Лондон, во својот втор дом.

Како нова трансфер бомба за следниот летен трансфер период, од денес се споменува и Сеск Фабрегас и неговиот потенцијален кам-бек во Арсенал.

Капитенот и фудбалерот околу којшто се засноваше целата игра на Арсенал, Сеск Фабрегас, не можеше да му одолее на повикот на матичниот клуб, кога во 2011 година за 35 милиони фунти се врати дома, во Барселона.

Иако со своите игри во дресот на каталонкиот клуб ги исполнуваше своите обврски и задачи, Фабрегас не успеа да се наметне како клучно засилување во Барселона.

Дека Тито Виланова не смета сериозно на услугите на овој фудбалер говои и фактот дека Шпанецот е изоставен од тимот за реванш дуелот во полуфиналето во Лигата на шампионите против Барселона.

Иако договорот со Барселона го обврзува до 2016 година, Сеск Фабрегас ги подгреа шпекулациите околу неговиот евентуален кам-бек во Арсенал со фактот дека бара нова куќа во престолнината на Англија.

Причината за враќањето во Англија се наведува и неговата новородена ќерка Ли, којашто Сеск и неговата сопруга сакаат да ја израснат на островото, се наведува во британските медиуми.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О