Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најави дека советниците од Српската напредна странка, чиј кандидат беше на локалните избори, размислува да коалицира со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.
Јакимовски вели дека оваа одлука ја донел откако не добил одговор од советниците на СДСМ, на кои им побарал да коалицира со нив.
- Мене ми е жал што носат вакви одлуки. Ова се сосема лоши политики, после 20 годишно владеење во Карпош, СДСМ се откажува од владеење во општината - рече Јакимовски.
Тој рече дека нема да се врати во СДСМ, туку дека е на идеја да формира нова политичка партија.
Инаку општина Карпош не може да го формира општинскиот советот поради тоа што ниту една партија нема мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 9 советници а Српската напредна странка има 5.