Мишел Обама ќе учествува во хип-хоп албум, кој ги поддржува напорите промоција на здравиот начин на живот.
Песната Everybody беше претставена претходно оваа недела, а видеото ја имаше својата премиера на сајтот на телевизијата Ен-Би-Си вчера. Таа ќе биде проследена од цел хип-хоп албум, наречен Songs for A Healthier America, со учество на гости ѕвезди од рап и ар ен би жанрот.
19-те песни на албумот имаат за цел да ги мотивираат децата да бидат активни и здрави. Иако не е класичен хип-хоп диск, тој ќе ги вклучува сите карактеристики на овој жанр - свежи траки и многу рап ѕвезди кои ќе ги поддржат идеите на првата дама на САД. Во албумот ќе бидат вклучен и гласот на самата Мишел Обама.