Социјалната мрежа ,,Facebook’’ наскоро планира на своите производи да воведе софтвер за препознавање и преведување на гласот , што во иднина би значело дека ќе може да ја контролираме оваа друштвена мрежа со помош на својот глас.
,,Технологијата за препознавање на гласот станува се поважна во мобилните уреди и во нивниот интерфејс, а оваа технологија ќе ни помогне во развојот на нашите производи за да ја следат оваа еволуција.“,соопштил шефот за производи на ,,Facebook’’, Том Стоки.