Македонија поконкурентна од лани

Македонија оваа година е поконкурентна во глобалната економија, стои во најновиот извештај на Светскиот економски форум. Од ланското 80–то место, годинава земјава се најде на 73 -то на листата на конкурентност или подобрување за седум позиции.

Од земјите во регионот подобри од нас се Словенија и Црна Гора. Хрватска која пред три месеци стана членка на ЕУ е две позиции подолу од нас, Србија далеку на 101-то место на листата.

Дека има олабавување од кризата покажаа и последните статистички податоци за раст на индустриските показатели.
Од Владата остануваат на ставот за проектираните макроекономски проекции, но делуваат претпазливо во очекување на домино ефектот, подобрената европската бизнис клима да стигне подоцна и кај нас.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О