Македонија и Канада се пријателски земји со добри политички билатерални односи кои можат да се унапредуваат во парламентарната и економската сфера. Добрите односи се отсликуваат преку постојаната поддршка на Канада за членство на Македонија во НАТО и признавањето под уставното име.
Ова е оценката на претседателот на Сенатот на Канада Ноел Кинсела и претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски по нивната денешна средба во Скопје.
- Многу ја цениме поддршката што ја добиваме од Македонија во контекст на пркилучувањето на Америка и Канада во договорот за слободна трговија со Европската заедница. Канада е благодарна и на сите генерации Македонци кои дошле таму и помогнале таа да се изгради во земја каква што е денес, истакна Кинсела.