Прочитајте ја оваа трогателна приказна
која ја напишала една новинарка од една сообраќајна несреќа. Додека
умирала настраданата , и ги шепотела овие зборови на новинарката…
“Мамо, излегов со пријателите.
Отидов на една забава и се сетив што ми рече пред да излезам: “Немој да
пиеш, ако возиш.” Затоа, испив еден спрајт . Се почувствував горда со
себе за, за тоа што го послушав твојот совет , и за разлика од многу мои
пријатели бев трезна ! Го Направив својот избор, и твоите зборови беа
свети за мене. Кога забавата заврши, луѓето почнаа да се качуваат по
своите автомобили, пијани. Јас се качив во мојата кола , и земав неколку
пријатели пијани со сигурност дека сум во состојба да возам и да ги
отнесам дома – живи и здрави .
Тогаш, Мамо, не можев дури ни да замислам што ме очекува. Нешто
неочекувано силно ме удри. Сега сум тука легната – на земјата и прости
ми ги слушам полицајците да зборуваат: “Момчето, кое го удри овој
автомобил е пијан , но е жив е “.
Мамо, гласовите се толку далечни ..! Крвта ми е насекаде и се обидувам со сите сили да не заплачам . Можам да ги чујам и докторите: “Девојката нема да издржи”.
Мамо, гласовите се толку далечни ..! Крвта ми е насекаде и се обидувам со сите сили да не заплачам . Можам да ги чујам и докторите: “Девојката нема да издржи”.
Сигурна сум мамо дека момчето
што ме удри, не сакаше да ме рани. Но зошто …? Тој пиел, а јас треба да
умрам. Зошто животот е толку неправеден, мамо? Зошто луѓето го прават
тоа , знаејќи дека можат да избришат толку животи ..?
Мојата болка во моментов е
огромна, се едно ме бодат со илјадници ножеви. Мамо, кажи и на сестра ми
да не се плаши, кажи му на татко да биде силен. И те молам, оди кај
момчето и му дај совет, како даде на мене. Можеби, ако неговите родители
му беа рекле да не пие , сега ќе бев жива, мамо! Здивот ми слабее се
повеќе и повеќе, и почнувам да се плашам навистина. Тоа се моите
последни моменти и се чувствувам толку сама. Како сакав да можеше да си
до мене сега, мамо, додека сум тука на земјата, како умирам . Сакав да
ти кажам толку работи и сакав да ти кажам мамо, дека те сакам толку
многу! Ветувам ќе те чувам, да бидам твојот ангел, и да те бранам како
што направи ти. Збогум мамо. “
А од вас не се бара ништо, само едноставно да се замислете и да ги контролирате своите постапки…
