Новите „Ајфони“ ја намалија вредноста на акциите на „Епл“

Презентацијата на новите модели на „Ајфон“ во изминатата ноќ предизвика пад на акциите на корпорацијата „Епл“ на њујоршката берза за 2,28 отсто, на 494,64 долари за акција.
Падот на акциите продолжи и по основната трговска сесија за уште 0,22 отсто, на 493,57 долари за акција.

Капитализацијата на „Епл“ по презентацијата на новите модели се спуши за 11,5 милијарди долари на 449,38 милијарди долари.

Корпорацијата за прв пат одлучи да претстави две верзии на паметни телефони за различни ценовни категории. Наследникот на традиционалните „ајфони“ е верзијата 5С, додека новиот 5С е позициониран како поевтина варијатна со пластична форма.

Токму таа поевтина варијанта, според некои аналитичари, е причина за пад на цената на акциите.

Многу инвеститори се надевале дека „Епл“ ќе настапи со многу поагресивни цени. Наместо тоа „Епл“ смета дека својата цел може да ја оствари со влијание на поголемиот дел од пазарот без огромно зголемување на својата добивка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О