Посредникот за спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц за седум дена ќе ги посети Атина и Скопје во нов обид да се најде компромис за прашањето за името на Македонија, пишува денешниот влијателен весник „То Вима“. Весникот наведува дека никој од грчкото Министерство за надворешни работи не знае дали Нимиц носи нов предлог за дведеценискиот спор.
Во статијата на „То Вима“ се вели дека и последниот предлог „Горна Република Македонија“ беше одбиен од грчката страна бидејќи официјална Атина не го прифатиле предлогот за поставување геграфската одредница пред уставното уредување.
- Неодамнешната размена на писма меѓу македонскиот и грчкиот премиер покажа дека јазот меѓу двете страни останува длабок. Груевски сака да постигне политички дијалог преку средби на двајцата лидери, нешто што е неприфатливо за Атина – се вели во статијата на весникот.
Нимиц во Атина, според грчкото Министерство за надворешни работи ќе пристигне на 9 септември во 13 часот по грчко време и ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.