Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и посредникот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц, вчера им дадоа поддршка на македонските фудбалери.

На националната арена „Филип Втори“, од трибините Груевски и Нимиц навиваа за македонскиот тим, но за жал не успеаја да се израдуваат на спортска победа.
Синоќа македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со резултат 1-2.
Ова е последниот натпревар на репрезентацијата на Mакедонија пред домашните гледачи во циклусот натпревари за квалификации на Светското првенство 2014 во Бразил.
Фотографија: Игор Бансколиев за Нова Македонија