Времето во наредниве два дена ќе биде врнежливо со грмотевици, а викендот најверојатно нема да има дожд, со почести сончеви периоди.
Утре, времето ќе биде променливо облачно, на места ќе има повремен дожд и локална појава на грмежи
Во северозападните делови се очекуваат пообилни врнежи и ветер.
Температурите ќе се движат до 32 Целзиусови степени.
В петок времето ќе биде променливо и ветровито со локален пороен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе изнесуваат меѓу 10 до 29 Целзиусови степени.
В сабота и в недела времето ќе биде сончево, ветровито и посвежо, со мала до умерена облачност.
