Грујо очигледно решил да не се заебава и да оди на сигурно и да ги
вработи СИТЕ свои гласачи и плус уште 50 000 од СДСМ за секој случај, да
може да спие мирно ноќта по денот на изборите.
Тоа што ќе ја сјебе цела
економија, што ќе ја задужи земјава до шија, тоа што вештачки ќе ја
крене цената на трудот и ќе ги банкротира фирмите тоа што ќе направи од
нацијата џаболебари клатикурци паразити без навика за работа и без
реални квалификации за што и да било и ред други последици од целиот
овој дилетантски процес на пастирот него ич не му чуе, важно е неговото
газе да биде у фотеља па маааајка јана нека е!
Последната такава одлука е дека ќе се вработеле 300 луѓе во администрација:
Oва е само неколку дена по ново вработените 1600 во Македонски Шуми
кои патем како јавно претпријатие се банкротирани, и огласот за 400 нови
цајкани. Пред тоа беа вработени неколку илјади како сезонски работници
по општините.
Од другата страна на Групчин и ДУИ вработуе се живо и диво па макар
седеле дома а земаат плата. Абе државата ни е у раце на лопатари копуци
кои реално би требало да продаваат пуканки и крофни на плоштад а не
држава да водат...