И тие се како нас: Нежно гушкање на среќно семејство слонови

Оние кои што внимателно го набљудувале однесувањето на животните, секогаш нагласуваат дека тие не се разликуваат многу од луѓето, а во прилог на овие тврдења е и снимката на која што е претставено едно големо, среќно семејство слонови, кои повторно се сретнале по одреден период раздвоеност.
Станува збор за прекрасна снимка на која што може да се види како мало слонче трча кон својот татко, меѓутоа на половина од патот сфаќа дека сепак би требало да ја причека својата мајка. Тогаш, мајката слоница и таткото слон се поздравуваат, нежно испреплетувајќи си ги сурлите, а нивното детенце не може да биде посреќно.


На крајот им се придружува и уште еден мал слон, кој е малку постар од првото слонче. Изгледа тој задоцнил на семејниот собир, како типичен тинејџер! Во продолжение погледнете ја оваа прекрасна глетка која сигурни сме дека ќе ве воодушеви!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О