МЗТ стартуваше со пораз во Еврокупот

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје вечерва загуби на гостувањето во Летонија кај ВЕФ Рига со 80-71.
МЗТ Скопје стартуваше со пораз во Еврокупот, иако вечерва Аеродромци одиграа на ниво и покажаа дека се екипа за респект. Мини-серијата на домашната екипа во последниот период се покажа како клучна за исходот на натпреварот. Победникот беше решен откако за три минути кошаркарите на ВЕФ Рига стигнаа до двоцифрена предност од 66-56, предност која ја задржаа до самиот крај.

Аеродромци вечерва немаа решение за расположените Ди Браун и Кенан Бајрамовиќ кои постигнаа 19, односно 22 поени, додека пак во тимот на МЗТ Скопје најефикасен беше Урош Лучиќ кој натпреварот го заврши со 15 поени, а Чековски и Костоски додадоа по 13 поени.

За една седмица во рамките на второто коло од групата Г во Скопје екипата на МЗТ ќе ги одмери силите со екипата на Макаби Хаифа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О