Додека на територијата на нашата земја и во соседството,
луѓето уживаат во пролетни температури, регионот на Алпите е зафатен од
голема бура која што во Австрија донела и ниски температури, силен ветар
и снежна покривка од половина метар.
Имено, викендичките, хотелите и одморалиштата во австрискиот дел
на Алпите прекриени се со бела снежна покривка, а метеоролозите
предвидуваат дека снегот ќе паѓа и во следните 24 часа. Снегот предизвикал и сообраќаен хаос во западниот дел од државата, на големо изненадување на неподготвените возачи. Така, неколку возила останале заглавени на патиштата, улиците морале да бидат затворени, а бројни домови останале без електрична енергија.
Дополнителен проблем биле и срушените дрвја кои што ги блокирале дел од сообраќајниците и пругите, а службите за одржување на патиштата ги советувале луѓето да останат во своите домови и да не тргнуваат на пат доколку тоа е неопходно, а и жителите на Инсбрук биле повикани да го користат јавниот превоз за да не се создаваат дополнителни гужви.
На автопатот во Салцбург исто така владее сообраќаен хаос, па голем број на камиони и автомобили останале заглавени во текот на ноќта, а полицијата ги блокирала улиците кон југот.
Покрај Австрија, снегот го покрил и швајцарскиот и францускиот дел од Аплите, а под снежна покривка е и германската Баварија. Температурите се спуштиле до минус шест, а според прогнозите на метеоролозите, снежните врнежи би требало да престанат во недела, кога ќе бидат заменети со врнежи од дожд.