ВИДЕО: Изгореното тело во хотел „Гранит“ било на професорот Рухи Бакиу – сомнежи за убиство?!

Изгореното тело пронајдено во опожарениот хотел „Гранит“ на Попова Шапка е на 50-годишниот професор Рухи Бакиу од Мала Речица, потврдила ДНК анализата во Институт за судска медицина во Скопје, објави Канал 5.

granit[1]

Телото на професорот при Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово и поранешен член на Регулаторната комисија, било предадено на семејството и денеска било погребано на муслиманските гробишта во Речица. За јавноста не се познати причините за мистериозната смрт на Бакиу, чиј мобилен беше пронајден скалите од влезот во хотелот, а чиј автомобил бил кај неговата викендичка на Шапка.

Не стивнуваат сомнежите дали се работи за убиство или за самоубиство. Во Мала Речица се раскажува дека Бакиу пред неколку месеци изјавувал дека непознати лица го однеле на распрашување во Скопје, дека му била наместена сообраќајна незгода кај месноста Карпалак.

Бакиу универзитетот на ЈИЕ во 2006 година штрајкувал со глад поради непотизмот во оваа образовна институција. За неговото име е поврзан обидот да формира движење наречено „Дванаесет“ за подобрување на општествените работи во Македонија, особено за функционалните права на Албанците.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О