Денес кога би ја сретнале главната "актерка" на сите тие скандали, тешко и дека би ја препознале. Моника е денес сосема поинаква жена.
Моника Левински во црвениот елегантен долг фустан буквално заблеска на недамнешната забава на Vanity Fair, а поводот за тоа беше доделувањето на Оскарите, а локацијата Беверли Хилс.
Жената која кон крајот на деведесетите години ја "раздрма" цела Америка, беше еден од највпечатливите гости на оваа забава.
Токму како што овојпат во Беверли Хилс беше жежок нејзиниот фустан, така во 1998-мата година таа беше вистинска бомба која ја "запали" Америка. Тоа беше веста дека помеѓу Моника Левински и Бил Клинтон се случил секс, и тоа во токму во Овалниот кабинет во Белата куќа, кој всушност стана и најпознат кабинет на планетата. Приказната за врската помеѓу секретарката и претседателот успеа да ги засени буквално сите светски вести.
Моника Левински беше "храбра", па отворено прозборува дека со тогашниот претседател Бил Клинтон имала орален секс. Клинтон најпрво ги одрекуваше сите тие искази, но прочуениот син фустан на госпоѓицата Левински, кој содржеше ДНК доказ, го принуди да ѝ се извини на светската јавност и да ја признае оваа афера.
Жалењето на Клинтон повторно не ги смири страстите, па скандалите на релација Моника – Бил не престанаа.
Реакциите на Хилари Клинтон за скандалот од 1998-мата година детално во своите белешки ги опиша нејзината блиска пријателка Дајан Блер, која работела како професорка по политички науки на Универзитетот во Арканзас сè до својата смрт во 2000-тата година.
- Тоа беше грешка, но таа (Хилари) во негова (на Бил) корист изјави дека се обидела да раскинат, да се повлече, да контролира некој кој е очигледно "нарцисоиден" и "комичен" лик, но нештата навистина излегле од контрола, напишала меѓудругото Блер.
Скандалот Левински според некои замалку и не ја уништило политичката кариера на Бил Клинтон, но според други токму тој скандал бил пресуден за неговата нарцисоидност.
За Моника беше пресуден токму Vanity Fair, кога таа минатата година за овој магазин даде ексклузивна исповед во која откри колку ѝ било всушност тешко после сексуалната афера со Бил Клинтон.
- Многу жалам поради сето тоа што се случи помеѓу мене и претседателот Клинтон. Некои сметаат дека Клинтон ми платил за да молчам. Ве уверувам дека тоа е далеку од вистината. Сега конечно се одлучив да го дадам своето минато со одредена цел, а колку сето тоа навистина ќе ме чини, наскоро ќе дознаам, изјави тогаш Левински.
Таа порача дека доброволно се согласила на врска со него, но дека дури подоцна била злоупотребена.
Моника Левински изјави дека била изложена на јавно понижување за да биде заштитен претседателот Бил Клинтон, сопруг на подоцнежната американска државна секретарка Хилари Клинтон.
- Многу жалам поради сето тоа што се случи помеѓу мене и претседателот Клинтон. Некои сметаат дека Клинтон ми платил за да молчам. Ве уверувам дека тоа е далеку од вистината. Сега конечно се одлучив да го дадам своето минато со одредена цел, а колку сето тоа навистина ќе ме чини, наскоро ќе дознаам, изјави тогаш Левински.
Таа порача дека доброволно се согласила на врска со него, но дека дури подоцна била злоупотребена.
Моника Левински изјави дека била изложена на јавно понижување за да биде заштитен претседателот Бил Клинтон, сопруг на подоцнежната американска државна секретарка Хилари Клинтон.
- Се разбира, мојот шеф ме искористи, но јас можам со увереност да кажам дека нашите односи беа изградени на взаемна согласност, изјави тогаш Левински, додавајќи дека "сите злоупотреби" произлегле потоа, кога ја обвинувале како жртвено јагне "со цел да ја заштитат неговата висока позиција".
- Администрацијата на Клинтон, останатите политичари и медиумите ме жигосаа, а тој жиг остана бидејќи беше проектиран од моќна страна, додала таа.
Поранешната стажантка во Белата куќа тврдеше дека администрацијата на Клинтон и медиумите ја ставиле токму на неа "стигмата" којашто имала влијание врз сѐ во нејзиниот понатамошен живот. Левински тврди дека поради тоа долго време не можела да најде работа, бидејќи многу компании не сакале да ја примат поради нејзината лоша "репутација".
После аферата Моника Левински живеела во Лондон, каде магистрирала социјална психологја. Потоа живеела во Лос Анџелес, Њујорк и Портланд.