Кога ќе пораснам ќе бидам старлета: Оваа тинејџерка ќе ја засени Ким Кардашијан

Некои од најпознатите селфи фотографии на сите времиња ги има направено токму Ким Кардашијан. Всушност, таа речиси го измисли селфито! Но, се чини дека во семејството има повеќе „Ким“ или барем такви кои на големо чекорат по нејзините стапки.

Кајли Џенер има само 17 години, но мошне голема колекција на провокативни фотографии. За многу магазини се фотографираше (речиси) гола, секако, сите за уметничка цел и поради шоубизнисот.



Оваа популарна тинејџерка со своите пријатели сподели фотографија на која позира во поза која ја прослави нејзината постара полу-сестра, со коментар како „одвај чека да скокне во кревет после долгата и напорна недела“.


Кајли за само неколку часа собра преку 930 илјади лајкови и доби многу комплименти. Многумина ова селфи ги потсети на познатата фотографија од Ким кога го сликаше својот одраз во огледало во секси бел костим за капење со потенцирана задница.


Кајли во последната година јасно даде до знаење дека е горда што е дел од семејството Кардашијан и дека ја користи секоја прилика за и самата да се пробие во светот на шоубизнисот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О