Морбидно: Болничарка на Твитер објавувала селфи со пациенти на умирање

25-годишната Татјана Куликова, медицинска сестра од Русија, добила отказ откако било откриено дека се фотографирала покрај пациенти на смртна постела, а потоа тие фотографии ги објавувала на социјалните мрежи, со подеднакво шокантни коментари.

Овој срамен потег на руската болничарка многу ги разлутил членовите на семејствата од пациентите покрај кои се фотографирала.



Куликова за време на сослушувањето признала дека правела селфи фотографии, но не сакала да прокоментира зошто го правела тој морбиден чин, пренесува британски Mirror.



Покрај коментарите „ја мразам мојата работа“ и „уште еден морон“, 25-годишната Татјана на својот профил на Твитер поставила слефија покрај пациенти на смртна постела.

Вработените во руското здравство биле непријатно изненадени од однесувањето на нивната колешка.



„Ова е чист доказ дека воопшто не се грижела за тие пациенти штом морала така да се фотографира“, рекол еден од лекарите, додајваќи дека не би бил изненаден ако семејствата на жртвите ја тужат Куликова, но и болницата во која работела.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О