Кесичка во која биле спакувани мокри марамчиња, би можела да донесе голема пресвртница во потрагата за исчезнатиот авион на "Malaysia Airlines".
По точно 367 дена од исчезнувањето на "MH370" еден брачен пар шетал на плажа покрај градот Сервантес во западна Австралија и забележал пакетче на кое било логото на "Malaysia Airlines". Веднаш ги повикале сите расположливи служби и пакувањето итно го пратиле во Канбера на тестирање.
"Малку ни беше чудно што пакетчето беше целосно затворено. Доколку беше отворено, немаше воопшто да го забележиме", рекол мажот кој го пронашол, пишува ABC News.
По сè што се случи се поставува прашањето - дали е можно овој пакет да преживеал 367 дена во море? Научниците тврдат - можно е!
Летот "MH370" исчезнал од радарот на 8. март 2014. година во Тајландскиот залив. Локацијата на потрагата неколку пати преместена, а на крајот експертите заклучиле дека седумчасовниот лет кон југот завршил некаде на брегот кај Австралија.