Нема сомнеж дека станува збор за двајца фантастични фудбалери, но статистиката покажува дека еден од двајцата е подобар во овој момент.
Кога се во прашање фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона и нивната трка за шампионската титула во Примера, секој поединечен учинок на играчите може да биде од пресудно значење. Герет Бејл и Луис Суарез се од витално значење за играта на своите екипи.
Сепак, се чини дека нивните форми моментално се движат во спортивни насоки, Уругваецот напредува од натпревар во натпревар, а Велшанецот сега се обидува да го најде вистинскиот ритам.
На сите натпревари кои овие двајца фудбалери ги одиграле за своите екипи во сите натпреварувања, статистиката вели дека Суарез засега е подобар од Бејл, иако, рака на срце двајцата фудбалери не играат токму на иста позиција на теренот. Како и да е, статистиката вели:
Герет Бејл:
36 натпревари, 14 гола, 8 асистенции, гол на секои 222 минути.
Луис Суарез:
26 натпревари: 13 гола, 15 асистенци, гол на секои 162 минути.