Мистериозен објект во Русија: Научниците не знаат кој го изградил и за што служел

Правоаголниот остров Пор-Бајин ја крие тајната на ѕидините кои потсетуваат на остатоци од стара тврдина или затвор но никој со сигурност не може да потврди која била вистинската функција на објектот изграден пред 1.300 години.


Островот е сместен сред сибирското езеро, а научниците и историчарите остануваат поделени во врска со неговата цел, веќе сто години од неговото откривање.

Едната хипотеза вели дека е изградена за да привлече луѓе, а не за да ги затвори во своите ѕидини. Според тоа, објектот би можел да биде летна палата, манастир или пак астрономска опсерваторија.



Името на островот значи куќа од глина на тувански јазик, а островот е сместен меѓу Сајанските и Алтајските планини во близина на руско монголската граница.


Островот и ѕидините се пронајдени уште во 1891 година, а покрај фактот дека објектот е изграден околу 750 година, неговите остатоци се прилично добро сочувани. Мистеријата ја зголемува и тоа што објектот е изграден далеку од било која стратешка населба или пат.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О