И битолските средношколци се одлучија на бојкот на наставата, јавува 24 вести.
По завршување на празниците, и тие ќе им се приклучат на соучениците од другите градови кои ја бојкотираат наставата.
Оваа одлука била донесена на состанокот на интерниот Средношколски пленум од Битола, на кој било договорено, првично бојкот на наставата да има во техничкото училиште, а потоа истиот да се прошири и во другите училишта.
Учениците побараа поддршка и од професорите против, како што велат, лошите образовни реформи и им порачаа на надлежните сериозно да ги разгледааат нивните барања за стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура.