Копилотот на "GermanWings", 28-годишниот Андреас Лубиц, кој намерно го урнал авионот и во смрт одвел 149 луѓе, наводно ставил диуретик во кафето на пилотот Патрик Сонденхајмер, за да го принуди да ја напушти кабината и да оди во тоалет, пишува британски Mirror.
Најновото тврдење на Mirror ги поткрепува наводите на германскиот весник Kolner Expres, кој пишува дека Лубиц пред влегувањето на кобниот лет, на "Google" пребарувал диуретици.
Тие податоци наводно се пронајдени за време на деталниот преглед на компјутерот на Лубиц запленет во Дизелдорф, кратко по несреќата.
Полицијата сè уште спроведува истрага за причините кои го натерале копилотот Лубиц на страшниот чин.
Се очекува оваа седмица полицијата да изнесе нови информации пронајдени во компјутерот на Лубиц.
Втората црна кутија од авионот покажала дека леталото со 150 патници и членови на екипажот било намерно урнато.
Првата црна кутија, пронајдена на самиот ден на несреќата, откриле дека во моментот на драмата, копилотот бил сам во пилотската кабина.