Што учат севернокорејските деца за Ким Јонг Ун?

Во севернокорејските училишта стигна водич за учителите во кои се наведени податоци за младиот лидер Ким Јонг Ун што тие треба да им ги предаваат на учениците.

Според водичот Ким Јонг Ун е неверојатен човек. Во некои од „фактите“ е вистински тешко да се поверува, како на пример таа дека научил да вози автомобил на само три години. Учителите исто така треба да им зборуваат на децата дека кога имал девет години победил сопственик на странска компанија за јахти во бродска трка.

Меѓу материјалите што ќе ги учат децата е и тоа дека 32-годишниот Јонг Ун е искусен уметник и знае да компонира музика.

Слични тврдења имаше и за неговиот татко Ким Јонг Ун, кој наводно погодил 11 дупки од прв обид кога за првпат заиграл голф, но никогаш потоа не заиграл.

Новиот предмет „Револуционерните активности на Ким Јонг Ун“ ќе се учи во основните и средните училишта. Ќе се фокусира на животот на младиот лидер кој дојде на власт во 2011 година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О